Арсенал го загуби Белерин и донесе Јапонец на неговото место

Арсенал повторно се мачи на отварањето на сезоната. Избраниците на Микел Артета по три одиграни кола во Премиерлигата имаат учинок од три изгубиени дуела и гол разлика од 0-9 со што повторно се одразија сериозните проблеми во одбраната на „топџиите“.

Но, и покрај тоа Арсенал не успеа да ја задржи, еднаш големата надеж на клубот, Хектор Белрин во своите редови. Шпанецот кој порано беше желба на Барселона, заминува од клубот и кариера ќе ја продолжи во Реал Бетис.

На негово место лондонскиот состав го ангажираше Такеширо Томијашу, 22-годишниот Јапонец кој на „Емирати“ доаѓа од редовите на Болоња за 20 милиони евра плус бонус од 3 милиони.

Се вчитува...