Управата на Арсенал заврши голема работа со потписот на новиот договор со тренерот Микел Артета, кој стана најплатен стратег во историјата на англискиот фудбал.
Управата на „топчиите“ сега се насочува кон следните приоритети, а прв на листата е англискиот репрезентативец Деклан Рајс, кој би требало до крајот на оваа календарска година да потпише нов договор со актуелниот првак.
Арсенал плати 105 милиони за да го доведе Рајс од Вест Хем во јули 2023 година, што се покажа како вистински потег бидејќи Англичанецот е клучен играч во екипата на Артета. Преговорите почнаа уште пролетта, приоритет за Арсенал беше најпрвин да се договори Артета, а сега кога тој проблем е решен погледите се целосно насочени кон продолжување на соработката со одличниот фудбалер за врска.
Деклан во моментов има плата од 240.000 фунти, а со најновото зголемување се очекува да биде нешто под 350.000 фунти неделно, врв на кој се наоѓа Букајо Сака кој би требало да остане на чело на најплатените фудбалери на „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
