Арсенал го збриша Вест Хем за девет минути

Арсенал ја оствари петтата победа во Премиер – лигата оваа сезона совладувајќи го Вест Хем на гости со 1-3. Тимот на Фреди Љунгберг одигра одлично во второто полувреме и ја надомести негативата од првиот дел. Вест Хем поведе со голот на Огбона во 37.минута од мечот.

Арсенал направи целосен пресврт за девет минути во второто полувреме. Мартинели израмни на 1-1 во 60.минута, Николас Пепе шест минути подоцна направи пресврт, а Пјер-Емерик Обамејанг го потврди триумфот во 69.минута.

По седум кола Арсенал победи во Премиер – лигата и со 22 бода сега се наоѓа на деветтото место.

Се вчитува...