Арсенал и Челси со минимални победи во Премиер – лигата

Англискиот првак Челси и Арсенал остварија минимални победи на домашен терен, оправдувајќи го епитетот фаворити на денешните натпревари во Премиер – лигата. Челси со 1-0 го совлада Саутемптон, со голот на Маркос Алонсо од слободен удар на самиот истек од првото полувреме.

Арсенал исто така славеше со 1-0 против Њукасл, со погодокот на Месут Озил во 23.минута од средбата. Убедлива победа на гости оствари Хадерсфилд, совладувајќи го Ватфорд со 1-4.

Резултати Англија: Арсенал – Њукасл 1-0, Брајтон – Барнли 0-0, Челси – Саутемптон 1-0, Ватфорд – Хадерсфилд 1-4.

Се вчитува...