Арсенал и Манчестер Сити во трка за Хаким Зијеч

Англиските премиерлигаши Арсенал и Манчестер Сити се вклучија во трката за ангажман на мароканскиот интернационалец Хаким Зијеч. Тој е еден од најдобрите фудбалери на Ајакс оваа сезона, кој сензационално стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Арсенал го посакува Зијеч како дополнување за тандемот Обамејанг – Лаказет, а Пеп Гвардиола има намера да ја засили конкуренцијата по крилните позиции каде веќе ги има Рахим Стерлинг, Лирој Сане, Ријад Марез и Бернардо Силва.

Во трка за Зијеч се и Баерн Минхен, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Рома, а достапен е за 25 милиони фунти.

Се вчитува...