Арсенал испратил понуда, Рајс станува најскап играч во Премиерлигата!

Играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс е на пат да стане најскапиот играч во историјата на Премиерлигата, и најскапиот англиски фудбалер. Тој ќе го надмине Џек Грилиш, со оглед дека Арсенал веќе испрати понуда од 105 милиони фунти (125 милиони евра) за услугите на овој играч, меѓутоа дадоа одговор од Вест Хем.

Со денови Арсенал и Сити се на „лицитација“ за овој играч. Се очекува сега одговор од Сити, но понудата мора да биде повисока од онаа на „топчиите“ ако сака да го ангажира. Вест Хем му ветил на самиот играч дека ќе го продаде ова лето со оглед дека следното му завршува договорот.

Рајс во Вест Хем дојде како дете од Челси, и во клубот е веќе 10 години. Прашање е само во кој од двата споменати клубови ќе заврши. Тимот од Лондон наводно не ја прифатил оваа понуда на Арсенал, затоа што не бил задоволен како ќе оди исплатата, но преговорите продолжуваат. На потег е сега и Сити. Новинарите претпоставуваат дека ова е „игра“ на Вест Хем за дополнително да му ја зголемат цената, но тоа е и опасна игра затоа што откажување на двата клуба може да значи и помала цена во јануари, или заминување идното лето без ниту една фунта.

Се вчитува...