Арсенал изненаден од Ватфорд, Тотенхем не го „скрши“ Сандерленд

Арсенал можеби се спаси на последниот домашен меч со Барнли, но „топчиите“ вечерва ја немаа среќата за свој сојузник, па сосема неочекувано претрпеа пораз пред своите гледачи од градскиот ривал Ватфорд со 1-2. Очајниот старт скапо го чинеше тимот на Арсен Венгер откако избраниците на Валтер Мацари за тринаесет минути поведоа со 0-2 со погодоците на Кабул и на Дини. Згора на тоа Венгер остана и без повредениот Рамзи, но „топчиите“ во секој случај тргнаа во тотална офанзива во второто полувреме. Постигнаа и гол во вистинско време, откако Ијови погоди во 58. минута на додавање на Алексис Санчез, но и покрај бројните напади „црвено-белите“ сепак не успеаја да стигнат до израмнување. Најубавата шанса во 88. минута ја пропушти Лукас Перез, кога ударот на шпанскиот напаѓач заврши во рамките од голот на Ватфорд.

Тотенхем и покрај огромната доминација не успеа да го скрши отпорот на Сандерленд, па ремизираше 0-0 против еден од најслабите тимови во Премиер-лигата. „Спарси“ имаа апсолутна доминација при поседот на топката, создадоа и неколку убави шанси за гол, но се беше попусто кога не успеаја да го најдат патот до мрежата на одличниот Маноне.

Сигурдсон го постигна голот за победа на Свонси во пресметката со Саутемптон (2-1), а до големи три бода стигна и Кристал палас, како гостин против Бурнемаут (0-2) благодарение на погодокот на самиот старт од второто полувреме на дефанзивецот Дан, пред Бентеке во судиското продолжение да ја запечати победата на тимот на Сем Алардајс.

Нов пораз претрпе и шампионот Лестер, губејќи со 1-0 на гостувањето против Барнли, со голот на Сем Воукс во 88. минута.

Резултати Англија:

Свонси – Саутемптон 2-1, Мидлсброу – ВБА 1-1, Сандерленд – Тотенхем 0-0, Бурнемаут – К. Палас 0-2, Арсенал – Ватфорд 1-2, Барнли – Лестер 1-0.

Younes Kaboul GOAL HD – Arsenal 0-1 Watford 31… by denysenathan
Troy Deeney Goal HD – Arsenal 0-2 Watford 31… by riqezi
Alex Iwobi Goal HD – Arsenal 1-2 Watford 31.01… by Live1Goals
Sam Vokes Goal HD – Burnley 1-0 Leicester City… by nammakudla

Се вчитува...