Арсенал ја знае замената за Лаказет

Алекснадaр Лаказет влегува во последната година од договорот со Арсенал и очекувањата се дека 30-годишниот Французин нема да го продолжи престојот на „Емирати“. Напаѓачот оваа сезона одигра само два натпревара за „топџиите“ во Премиерлигата, а притоа и двата ги започна од клупата.

Лаказет пристигна во Арсенал во 2017 година во трансфер вреден 53 милиони евра, но како што паѓаше формата на тимот така паѓаше и формата на францускиот интернационалец. Лаказет неколку пати беше блиску до заминување од Лондон, а сега и дефинитивно ќе го напушти клубот, пренесуваат англиските медиуми.

Неговата замена Арсенал ќе ја бара во редовите на Евертон каде се истакнува Доминик Калвер-Луин, а како опција се јавува и фудбалерот на Астон Вила, Оли Воктинс. Калвер-Луин се опоравува од повреда и оваа сезона сеуште нема забележано настап на „карамелите“, додека Воткинс за „лавовите“ одигра пет средби и еднаш се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...