Арсенал ќе го купи Фекир како замена за Месут Озил

Германскиот интернационалец Месут Озил ќе го напушти „Емирати“ на крајот од сезоната, а менаџерот Арсен Венгер размислува кој би можел да биде негова доследна замена во тимот на „топчиите“. И се чини дека повторно ќе ангажира нов фудбалер од Лион, откако минатото лето го доведе и Александре Лаказет.

Набил Фекир е решението на Венгер за нов офанзивен играч за врска во тимот на Арсенал. Тој може да игра на повеќе позиции во навалната линија, а во Арсенал би можел да ја добие улогата на Озил. Раководството на англискиот премиерлигаш е подготвено да плати 30 милиони фунти за да го доведе Фекир на „Емирати“ веќе во јануари.

 

Се вчитува...