Англискиот првак и европски вицешампион Арсенал, ја разгледува можноста за ангажман на крилниот напаѓач Христос Цолис. Според информациите, трансферот на 24-годишниот грчки репрезентативец би можел да се реализира за сума од 40 милиони евра.
Исто така Арсенал е заинтересиран за фудбалерот на Астон Вила, Морган Роџерс, но се верува дека трансферот на Цолис нема да влијае на ангажманот на Роџерс, со оглед дека на Арсенал му требаат повеќе опции во нападот.
Грчкиот репрезентативец, кој досега има 32 настапи за националниот тим, постигна 43 гола во две сезони во дресот на белгискиот клуб. Пред тоа, во сезоната 2023/24, тој постигна 23 гола за Фортуна Дизелдорф во втората германска лига.
Во неодамна завршената сезона, Цолис ја освои титулата со Бриж, за кој имаше неверојатни бројки, постигнувајќи 22 гола и регистрирајќи дури 29 асистенции во 52 настапи, во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
