Арсенал ќе игра и против „проклетството Рамсдејл“ (ФОТО)

Арсенал повторно потфрли на отварањето на новата сезона. „Топџиите“ претепеа пораз од 2-0 на самото отварање од новиот прволигаш Брентфорд, а вчера со истиот резултат беа совладани и од градскиот ривал Челси.

Јасно е дека на избраниците на Микел Артета им претстои тешка сезона, а на социјалните мрежи навивачите веќе почнаа да се шегуваат дека ќе биде уште потешко доколку се земе во предвид проклетството кое го прати 23 милионското засилување Арон Рамсдејл.

Имено, новиот голман на Арсенал во последните четири сезони, три пати испаѓал од лигата со својот тим. Се започна од сезоната 2017/18 и Честерфилд, а продолжи во сезоната 2019/20 со Бурнемут. Последниот пат беше претходната сезона кога Шефил Јунајтед испадна од Премиерлигата…

Лошиот старт на сезоната сега со смести Арсенал на 19. место на табелата кое води во второто по ранг натпреварување во Англија, меѓутоа мора да се земе во обзир дека „црвено-белите“ на овие натпревари не можеа да сметаат на речиси половина од стандардните првотимци поради позитивни случаи на коронавирусот.

Се вчитува...