Англискиот премиерлигаш Арсенал се обидува да пронајде долгорочно решение за менаџерската позиција откако го отпушти Унаи Емери, а привремено на клупата го постави Фреди Љунгберг. Прва опција за раководството на „топчиите“ е Нуно Еспирито Санто, португалскиот стратег кој го предводи Вулверхемптон. Челниците на Арсенал се подготвени да побараат дозвола од Вулверхемптон и потоа да отпочнат преговори за негова преселба на „Емирати“.
Поранешниот тренер на Валенсија и на Порто врши одлична работа со „волците“ кои во моментот се на шестото место во Премиер – лигата. Арсенал е деветти и утре на домашен терен го пречекува актуелниот првак Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА