Арсенал конечно ќе се откачи од Вилијан

Арсенал лани го најави Вилијан како големо засилување носејќи го како слободен играч од градскиот ривал Челси. Една година подоцна, „топчиите“ се крајно разочарани од она што бразилскиот плејмејкер го покажа во дресот на овој клуб, а огромната плата што му ја дадоа претставува проблем за да најдат купец за него. Арсенал воопшто не бара отштета, нудејќи му на Вилијан да си замине како слободен фудбалер, а по последните информации, лондонскиот клуб е на добар пат конечно да се откачи од Бразилецот.

Вилијан има на маса сериозна понуда за враќање во татковината, откако Коринтијанс го контактирал неговиот агент и му понудил примамливи услови за двогодишна соработка. Фудбалерот повеќе би сакал да остане во Европа, но во недостиг на понуда од други клубови од елитните лиги, Вилијан сега сериозно размислува да се врати назад во Бразил.

Покрај него, Арсенал ќе го напушти и Уругваецот Тореира, кој е на добар пат да замине на едногодишна позајмица во Фиорентина.

Се вчитува...