Арсенал не може да се натпреварува на трансфер пазарот ни со Астон Вила

Арсенал одигра нова сезона за заборав во која преку домашниот шампионат не успеа да се пласира на место кое води во европските натпреварувања следната сезона, а походот на Лига Европа беше завршен во полуфиналето.

Проблемите за „топџиите“ продолжуваат и во оф-сезоната во која Астон Вила ја „собра“ посакуваната трансфер цел на лондонскиот состав. Имено, еден од најдобрите играчи на Чемпионшип девизијата, Емилиано Бундиа кој оваа сезона ја заврши со 15 гола и 17 асистенции е на прагот на премин во редвоите на Астон Вила за сума од 38 милиони евра.

Навивачите на Арсенал по најавите за формирање на Суперлигата реагираа жестоко со протести пред „Емирати“, изразувајќи го незадоволството од работата на американските газди со клубот, а сигурно е дека овој трансфер дополнително ќе ги наруши односите на оваа релација.

Следната сезона „топџиите“ ќе се натпреваруваат само на домашно тло, а тоа дава надеж дека тимот ќе може да се избори за место во првите четири екипи во Премиерлигата, но затоа се потребни сериозни промени во тимот. Арсенал последен пат играше во Лигата на Шампионите во сезоната 2016/17 кога тимот беше прегазен од Баерн Минхен во осминафиналето во вкупен резултат од 10-2 (5-1, 5-1).

Се вчитува...