Арсенал не потклекнува пред Сити: Зголемена понудата за Деклан Рајс

Арсенал не саката така лесно да потклекне пред Манчестер сити во првата битка од годинешниот преоден рок, па ја зголеми понудата за фудбалерот на Вест Хем, Деклaн Рајс.

Во трката за услугите на Рајс е и Манчестер сити иако се уште без официјална понуда, но и тоа како најавуваат дека сакаат ангажман на англискиот репрезентативец. Вест Хем ја одби првата понуда на „точиите“ во износ од 87 милиони евра плус 13 милиони преку бонуси, што отвори простор за Пеп Гвардиола.

Па, сега „топчиите“ подготвуваат понуда од 100 милиони евра што ќе ги задоволи апетитите на Вест Хем. По оваа одлука на челниците на Арсенал се очекува реакција и од Манчестер сити.

Се вчитува...