Арсенал не знае што да прави: Озил одби уште една богата понуда

Во Арсенал и натаму се очајни поради некооперативноста на Месут Озил кој ја одбива секоја понуда пристигната за него до клубот.

Озил имаше шанса на почетокот од овој месец да го напушти Арсенал и да заработува 200 илјади фунти неделно, но ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија.

Јасно е дека Озил не сака да го напушти Арсенал пред истекот на договорот, и не му е воопшто важно дали ќе игра или не. Во Арсенал заработува 350 илјади неделно, а има уште една година од договорот по што ќе биде слободен фудбалер.

Се вчитува...