Арсенал нуди 100 милиони евра за Деклан Рајс

Интересот на англиските клубови за Деклан Рајс е се поголем. На Челси и Манчестер Јунајтед сега им се приклучи и Арсенал кој е подготвен да издвои 100 милиони евра за услугите на 24-годишникот и тоа веќе овој месец, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Рајс е голема желба на тренерот Микел Артета кој во него гледа стабилност во средината на теренот не само за оваа сезона во која „топџиите“ имаат шанса да стигнат до титулата по 20 години, туку и за годините кои следат во кои тој би бил центарот на составот.

Со оглед на желбите на Рајс кој сака да се натпреварува за трофеи реализацијата на овој трансфер е голема веројатност, но за истата да се случи во првиот месец од 2023 година голема пречка останува положбата на Вест Хем кој се бори за опстанок. Англичанецот е капитен на тимот и од него не се очекува да го „напушти бродот кој тоне“ во тешките моменти.

Се вчитува...