Арсенал нуди свој голгетер за да го добие Тони

Арсенал игра одлично на стартот на сезонава, но Микел Артета не е најзадоволен од функционирањето на нападот. Шпанецот на чело на „топчиите“ планира да доведе нов класичен голгетер во тимот, а на врвот на листата со желби се наоѓа Ајван Тони од Брентфорд.

Англискиот напаѓач моментно е суспендиран поради обложување на фудбалски натпревари, но веќе кон средината на јануари казната му истекува со што би бил идеално решение за проблемите на Артета. Британските медиуми тврдат дека „топчиите“ веќе подготвуваат и конкретна понуда, во која ќе биде вклучен Еди Нкетиа. Овој фудбалер ја почна сезоната како стартер во нападот, минутажата ќе му се намали со камекот на Габриел Жезус, а во ситуација кога се бара и Тони јасно е дека Артета нема премногу сериозно да смета на младиот голгетер.

Во една таква ситуација, Нкетиа би можел да замине за Брентфорд каде би бил прва опција во нападот, аАрсенал би доплатил и уште дваесетина милиони фунти за да го добие Тони.

Интерес за овој фудбалер покажува и Челси кој вообичаено нуди повеќе пари од останатите клубови, но Арсенал ја нуди можноста Тони да заигра во ЛШ, што во случајов може да се покаже како клучен фактор во трката по одличниот голгетер.

Се вчитува...