Арсенал останува единствен максимален во Премиер-лигата (ВИДЕО)

Арсенал останува единствениот тим со максимален учинок по четири одиграни кола во Премиер-лигата. Избраниците на Микел Артета денеска стигнаа до нова победа овојпат на домашен терен по пресврт против градскиот ривал Фулам со 2-1.

Откако по првиот дел мируваа мрежите, гостите стигнаа до водство од 0-1 со „100“ гол на Александар Митровиќ во дресот на Фулам во 56. минута. Домаќините израмнија преку Одегар во 64. минута на 1-1, додека конечните 2-1 ги постави Габриел во 86. минута.

Arsenal [2] – 1 Fulham – Gabriel 86′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...