Арсенал пазари за 25 милиони евра од Специја

Арсенал продолжува со шопингот во овој преоден рок, па покрај ангажманот на голгетерот Тросар од Брајтон, „топчиите“ сега вниманието го насочија и кон засилување за одбранбената линија.

Според информациите од Англија, го завршна фаза се преговорите со Специја за ангажманот на 22-годишниот полски репрезентативец Јакуб Кивиор, кој ќе потпише договор на пет и пол сезони со „топчиите“. Специја не сакала да го продаде својот најдобар дефанзивец среде сезона, но понудата од 25 милиони евра била доволна за да се убедат челниците на овој клуб да дадат зелено светло за Полјакот да се пресели на „Емирати“.

Младиот дефанзивец имаше серија добри настапи за Полска на СП во Катар, со што се зголеми и листата на клубови што сакаа да го ангажираат. Тој беше меѓу желбите на Јувентус и Лајпциг, но „топчиите“ реагираа во вистински момент на вистински начин и го осигураа потписот на Полјакот, кој во наредните 48 часа би требало да пристигне на лекарски прегледи во Лондон.

Се вчитува...