Арсенал победи во трката за дефанзивецот на Лил

Англискиот премиерлигаш Арсенал успеа да го доведе дефазивецот на Лил, Габриел Магалјаеш. Тој ќе потпише долгорочен договор со „топчиите“ и ќе ја пополни празнината во дефанзивната линија на составот на Микел Артета. Според британските медиуми, трансферот е вреден 30 милиони евра, а Арсенал во трката за потписот на Бразилецот ги победи Манчестер Јунајтед, Евертон и Наполи.

„Габриел ќе биде големо засилување за нашиот тим. Ќе не засили индивидуално, но ќе бидеме многу подобри и како тим. Тој во Лил докажа дека може да настапува на врвно ниво и е дефанзивец со врвни карактеристики“, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Габриел Магалјаеш е второ големо засилување за Арсенал ова лето, откако претходно неговиот сонародник Вилијан од Челси дојде на „Емирати“.

 

Се вчитува...