Унаи Емери и дефинитивно од денеска повеќе не е менаџер на Арсенал откако лондонскиот клуб реши да ја прекине соработката со поранешниот стратег на ПСЖ и на Севилја. По вчерашниот пораз во ЛЕ од Ајнтрахт „топчиите“ беа седум средби без победа во сите натпреварувања, по што утрово беше одржан „кризен состанок“ на највисоките челници на клубот.
Единствена точка на дневниот ред беше судбината на тренерот, по што експресно беше донесена одлуката Шпанецот да добие отказ.
„Благодарни сме му на Емери, како и на членовите на неговиот стручен штаб, кои дадоа се од себе за клубот да го вратат на посакуванотото ниво. Сепак, сметаме дека е дојдено до време кога е неопходна смена на кормилото на клубот. Му посакуваме на Унаи Емери многу среќа во следните ангажмани“ – изјави Џош Кренке.
Улогата на привремен тренер ќе му припадне на поранешниот ас на Арсенал, Фреди Љунгберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА