Сите играчи на Арсенал, менаџерот Микел Артета и неговиот стручен штаб во перидот на прекин на сезоната поради пандемијата на коронавирусот ќе земаат помали плати за 12,5 проценти. Според договорот постигнат меѓу клубот и фудбалерите, парите би им биле вратени кога ќе продолжи сезоната кога клубот го добие планираните пари од ТВ правата.
„Договорот е базиран на претпоставката дека сезоната ќе 2019/20 ќе биде комплетирана и дека ќе го добиеме надоместокот за телевизиските права“ – стои во соопштението од Арсенал.
Клубот објаснува дека со ваквиот потег ќе го намали ударот од загубените финансии кои доаѓаат на деновите на натпреварите и од комерцијалните приходи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА