Арсенал се договори со Тимбер, останува потешкиот дел од задачата

Арсенал е на добар пат да обезбеди сериозно засилување откако „топчиите“ ги договорија личните услови со Џастин Тимбер, дефанзивецот на Ајакс и на холандската репрезентација за кого во последните 12 месеци се интересираа неколку европски гиганти.

Тен Хаг го бараше својот поранешен играч во Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ летово го насочија вниманието кон Ким од Наполи, а „топчиите“ го искористија тоа за да ги интензивираат преговорите со Тимбер. Како што информираат холандските медиуми, дефанзивецот ги договорил личните услови со Арсенал, за договор до јуни 2028 година.

Фудбалерот бил воодушевен од разговорите што ги водел со Микел Артета и јасно ставил до знаење дека воопшто нема да разговара со друг клуб, правејќи дополнителен притисок врз Ајакс за што поскоро да биде најден заеднички јазик со „топчиите“. Англискиот вицешампион подготви понуда од 40 милиони евра, па останува да се види дали тоа ќе биде доволно за да се добие зелено светло за комплетирање на трансферот на Тимбер.

„Топчиите“ се во завршна фаза од преговорите со Челси за Каи Хаверц, а потешка задача им е да најдат заеднички јазик со Вест Хем околу трансферот на Деклан Рајс.

Се вчитува...