Арсенал се договори Томас Лемар, останува да направи „дил“ и со Монако

Англискиот премиерлигаш Арсенал го доведе Александре Лаказет од Лион, а Арсен Венгер и поанатму сака да пазари во својата родна Франција. Следна негова цел е Томас Лемар, крилниот играч на шампионот Монако. Преговорите се веќе отпочнати, а Венгер се надева на уште еден добар „улов“.

„Топчиите“ веќе ги договориле личните услови со фудбалерот, откако му понудиле неделна плата од 90.000 фунти, но сега останува потешкиот дел од работата. Треба да се договори висината на отштетата со раководството на Монако.

„Кнезовите“ за овој фудбалер бараат 70 милиони фунти, но Венгер се надева дека може да ја спушти цената и да ги убеди челниците на Монако да го продадат одличниот крилен напаѓач на „Емирати“.

Се вчитува...