Арсенал се лизна против Њукасл, „топџиите“ уште еден чекор подалеку од пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Њукасл вечерва успеа да обезбеди победа над Арсенал од 2-0 во рамки на 37. коло од англиската Премиер-лига, резултат со кој „топџиите“ се оддалечуваат од мисијата за пласман во ЛШ следната сезона.

Откако првото полувреме заврши со 0-0, домаќините стапија на сцена во вториот дел, откако преку Бен Вајт во 55. минута дојдоа до предност од 1-0. Арсенал се обидуваше да се врати во игра, но никако не успеваше да ја пробие средината и одличната одбранбена псотавеност на Љукасл.

Борбата на „топциите“ за реми или евентуална победа заврши во 85. минута, кога Бруно Гимараеш постигна гол за конечни 2-0.

По овој резултат Арсенал заестанува два бода од Тотенхем, кој во овој момент води во битката за пласман во ЛШ следната сезона.

 

 

https://13proma9.com/uploaded/1652731914.mp4#t=0.1

https://13proma9.com/uploaded/1652733654.mp4#t=0.1

Се вчитува...