Арсенал се пласира во четвртфиналето на ФА купот на Англија

Арсенал оствари триумф од 0-2 на гостувањето кај Портсмут и обезбеди пласман во четвртфиналето на ФА купот на Англија. Составот на Микел Артета ја имаше доминацијата на натпреварот и заслужено оди понатаму во ова натпреварување.

Водечкиот гол за „топчиите“ го постигна Сократис Папастатопулос во последните моменти од првото полувреме. Во вториот дел, младиот напаѓач Едвард Нкетаја го постави конечниот резултат.

Се вчитува...