Арсенал се спаси од пораз буквално во последните секунди, „топчиите“ ремизираа со Кристал Палас (ВИДЕО)

Арсенал се спаси од пораз буквално во последните секунди, „топчиите“ едвај ремизираа против тимот на Кристал Палас во рамки на 8-то коло во Премиер лигата (2-2).

„Топчиите“ рано го отворија натпреварот преку Пјер-Емерик Обамејанг, кој беше прецизен во 8-та минута и за момент се чинеше дека овој погодок ќе донесе лесна и рутинска победа за тимот од Лондон. Сепак, на сцена настапија гостите во второто полувреме, па тие успеаја да направат целосен пресврт преку Кристијан Бентеке и Одсон Едуард во 50-та и 73-та минута. Херој за Артета и Арсенал беше Александар Лаказет, кој во последните секунди донесе радост на трибините постигнувајќи гол за реми.

По овој меч Арсенал има 11 поени и се наоѓа на 12-та позиција, додека Кристал Палас со 8 поени го зазема 14-то место во Премиер лигата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...