Арсенал се труди да го убеди Луис Енрике да дојде на „Емирати“

Шпанскиот стратег Унаи Емери има се помали шанси да остане на кормилото на Арсенал, откако неговиот тим го загуби и дуелот против Лестер. Раководството на клубот размислува за промени, а најнова цел е поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор Луис Енрике. Тој имаше животна трагедија, почина неговата мала ќеркичка, а токму поради нејзината болест се повлече од селекторската позиција во Шпанија.

Директорот на Арсенал, Раул Санлехи, ќе се обиде да го убеди Луис Енрике да му се врати на фудбалот нудејќи му ја менаџерската функција на Арсенал. Сепак, првичните разговори немаат голем ефект. Луис Енрике се уште не е доволно подготвен за да се врати на работа.

Претходно, медиумите во Англија најавуваа дека и Жозе Мурињо е кандидат за клупата на „топчиите“.

Се вчитува...