Арсенал се враќа на победите, „топџиите“ рутински го совладаа Њукасл (ВИДЕО)

По поразот од Ливерпул, Арсенал се враќа на победите во Премиер-лигата, а овој пат фудбалерите на Микел Артерта рутински го совладаа Њукасл со 2-0 во рамки на 13-то коло.

Натпреварот беше отворен во второто полувреме, откако во 56. минута Букајо Сака успеа да ја затресе мрежата на гостите по една одлична и течна акција, донесувајќи минимална предност од 1-0. До крајот на мечот во листата на стрелци кај „топџиите“ се запиша и Габриел Мартинели, донесувајќи безбедна и сигурна предност за нови три бода.

По ваквиот исход Арсенал со 23 поени се наоѓа на 5-то место, со ист број на бодови како и Вест Хем кој се наоѓа на 4-та позиција, но со натпревар помалку.

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1464593205270388737/pu/vid/1280×720/DWDu4X8e4WTdyJLw.mp4?tag=12

 

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1464595744254533633/pu/vid/1280×720/GSJA-j1RGh3Blkgy.mp4?tag=12

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...