Арсенал со гол во 91. минута го „сруши“ Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Арсенал со гол во 90. минута триумфираше против Манчестер јунајтед со 3-2 во дербито на 20. коло од Премиерлигата.

Во крајно интересен натпревар, „црвените ѓаволи“ први поведоа со голот на Рашфорд уште во 17. минута.

Но, потоа Арсенал со головите на Нкетиах во 24. минута и на Сака во 53. минута дојдоа до предност од 2-1, за да Манчестер јунајтед израмни на 2-2 со погодокот на Мартинез во 59. минута.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Еди Нкетиах во 90. минута постигна гол за 3-2. И по ВАР-проверката беше потврдено дека голот е регуларен за победа на „топчиите“.

Арсенал, сега е со 50 бода на врвот од табелата, пет повеќе од второпласираниот Манчестер сити кој има и натпревар повеќе.

Се вчитува...