Арсенал со минимален триумф над Нотингем ја стартуваше Премиерлигата (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал со победа над Нотингем Форест на домашен терен го почна походот на Манчестер Сити на тронот во Премиерлигата. Арсенал го обезбеди потребното водство за три бода уште по првиот дел, а Нотингем донесе само неизвесност во финишот.

Нкетиа на асистенција на Мартинели погоди во мрежата на Нотингем во 26. минута. Шест минути подоцна Сака зголеми на 2-0. И кога се чинеше дека ќе има голеада во мрежата на гостите, Арсенал како да „застана“.

Тоа го казни Авонији во 82. минута намали, за целосна неизвесност во финишот. Нотингем Форест притисна, но не успеа да дојде до израмнувачки гол, Арсенал се одбрани, а на крајот Одегард имаше прилика за 3-1, но топката оди само крај голот.

Се вчитува...