Арсенал со „петарда“ се врати на врвот на Премиерлигата

Арсенал се врати на врвот на Премиерлигата откако во 14. коло славеше со преубедливи 5-0 во средбата против Нотингем Форест. „Топџиите“ победата ја најавија уште во 5. минута кога мрежата ја затресе Мартинели, а продолжија со нападите и до крајот на средбата.

Пех за Микел Артета е повредата на Бакајо Сака кој мораше да го напушти теренот во 27. минута, но неговата замена Нелсон во 49. и 52. минута ја покрена „петардата“. Со „бомбата“ на Парти во 57. минута Арсенал стигна до 4-0, а конечниот резултат го постави Одегард со одличен удар во шестнаестникот во 78. минута.

Се вчитува...