Арсенал со последна понуда за Месут Озил

Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе направи максимални напори да го задржи во своите редови германскиот интернационалец Месут Озил. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, па затоа раководството на „топчиите“ му нуди продолжување со неделна плата од 300.000 фунти. Тоа е последната понуда за Озил, кој доколку реши да не ја прифати речиси сигурно ќе биде продаден во зимскиот преоден рок.

Арсенал сака да го задржи Озил, но од друга страна нема да дозволи и тој на лето да си замине како слободен агент. За него се интересираат Барселона и Манчестер јунајтед, а англиските медиуми најавуваат дека тој е многу поблиску до заминување на „Олд трафорд“. Во зимскиот преоден рок од Арсенал се очекува да си замине и Алексис Санчез.

Се вчитува...