Арсенал со триумф над Кристал Палас ја отвори Премиерлигата (ВИДЕО)

Со натпреварот меѓу Кристал Палас и Арсенал стартуваше новата сезона во Премиерлигата.

Арсенал триумфираше со 0-2. Благодарение на голот на Габриел Мартинели уште во 20. минута од средбата гостите дојдоа до предност од 0-1.

„Топчиите“ во текот на целиот натпревар покажаа дека оваа сезона ќе играат важна улога во англискиот фудбал. Домашните во второто полувреме имаа неколку убави можности за израмнување, но не успеаја да дојдат до бод.

Напротив, Арсенал со автоголот на Гуехи во 85. минута стигна до конечни 0-2.

Се вчитува...