Арсенал со убедлив триумф над Њукасл ја продолжи битката за титула (ВИДЕО)

Арсенал ја продолжува трката за шампионската титула, откако на домашен терен на „Емирати“ во Лондон, ја совлада убедливо екипата на Њукасл со 4-1.

Победникот беше познат уште по 69. минути игра, кога „топчиите“ се стекнаа со предност од 4-0, а на крајот Њукасл само успеа да ублажи.

Ботман во 18. минута стрелаше во сопствената мрежа, и со многу среќа Арсенал дојде до предност, а потоа следуваше вистинска канонада по голот на Кариус, за Хаверц во 24. минута да донесе 2-0 по одличната акција со Мартинели.

Арсенал продолжи во ист стил и во вториот дел, па во 65. минута Сака донесе предност од 3-0, а Кивиор во 69. минута зголеми на 4-0.

Вилок во 84. минута само успеа да постигне почесен гол за Њукасл, кој сезонава има големи проблеми, и прашање е дали ќе успее да избори место во Европа.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...