Арсенал требаше три пати да води за да го совлада Ливерпул (ВИДЕО)

Арсенал со 3-2 беше подобар од Ливерпул на денешното дерби во Премиерлигата. „Топчиите“ требаше и третпат да поведат, за на крајот да запишат победа, откако Ливерпул се врати два пати во мечот. Херој на Арсенал е Сака кој постигна два гола. Ливерпул и натаму покажа дека има проблеми во дефанзивата и дека оваа сезона не може да се бори за титулата.

Одлично почна дербито за Арсенал, кој поведе во 58. секунда преку Мартинели. Ливерпул успеа да израмни со гол на Дарвин Нуњез, но до финишот на првиот дел Сака успеа одново да донесе водство за Арсенал, после „убиствена“ контра на играчите на „топчиите“.

Во вториот дел напади на двете страни, а Фирмино во 53. минута донесе „егал“ за Ливерпул. СЕпак, во 76. минута досуден пенал за Арсенал, и сигурен реализатор е Сака за ново, трето водство на Арсенал. 

Со оваа победа, Арсенал ја продолжува битката за титулата во Англија, додека Ливерпул дополнително заостанува од горниот дел, и сега тимот на Јирген Клоп ќе се бори да обезбеди пласман на едно од првите четири места, и излез во Лигата на шампионите.

Се вчитува...