Арсенал тргнува по фудбалерот на Наполи

Играчот на Наполи, Фабијан Руиз ќе стане еден од најинтересните играчи во летниот преоден рок. Шпанскиот играч за врска игра одлично во дресот на „Наполитанците“ а веќе ја отфрла можноста да потпише нов договор со италијанскиот тим, и бара нов предизвик.

Според англиските медиуми Арсенал подготвува понуда за Руиз летоска, со ѓшто ќе се обиде да го ангажира. Арсенал планира да плати околу 20 милиони евра, односно 10 милини помалку од она што Наполи го плати на Бетис во 2018 година.

Артета бил голем обожавател на играта на Руиз, и би му бил идеално засилување во средниот ред на екипата. Меѓутоа има интерес за него и од други клубови, меѓу кои се и двата најдобри шпански клуба, Реал Мадрид и Барселона.

Се вчитува...