Арсенал тргнува по Малком

Англискиот премиерлигаш Арсенал го пренасочи интересот кон Бразилецот Малком од Барселона, откако доби одговор од Кристал Палас дека Вилфрид Заха чини 100 милиони фунти. Менаџерот Унаи Емери сака нов квалитетен играч на крилните позиции, а Малком би бил идеално решение со оглед на ограничениот буџет на „топчиите“.

Арсенал е подготвен да плати 30 милиони фунти за Малком и ќе се обиде да победи во трката со Евертон. Барселона очекува понуда за него, а и самиот Малком знае дека нема да добива голема минутажа на „Камп Ноу“ ако пристигнат Гризман и Нејмар.

Се вчитува...