Арсенал дополнително се зацврсти на врвот од Премиерлигата пред Манчестер сити, сега со седум бода предност, откако во новогодишната вечер славеше со 2-4 на гостувањето против Брајтон.
Победникот на дуелот беше решен уште во првото полувреме кога „топчиите“ со два гола создадоа недостижна предност за три бода.
Сака уште во 2. минута погоди за 0-1, а Одегард во 39. минута веќе зголеми на 0-2.
Во второто полувреме Нкетиах зголеми на 0-3, а Мартинели беше стрелец и за 1-4, откако Митома намали претходно на 1-3. А поблаг пораз за домашните обезбеди Фергусон со голот во 77. минута за 2-4.
Арсенал сега со 43 бода е на врвот пред Манчестер сити кој е со 36 бода, а Њукасл е на третата позиција со 34 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА