Арсенал веќе неколку месеци преговара со напаѓачот на Манчестер Сити

Арсенал би можел да се засили со напаѓач од Манчестер Сити. „Топчиите“ веќе долго време преговараат со голгетерот на „граѓаните“, бразилскиот интернационалец Габриел Жезус.

Жезус и после заминувањето на Агуеро и на Торес, ретко добива шанса во првите 11 на Пеп Гвардиола, а и транферот на Халанд сигурно ќе го стави во уште полоша ситуација. Така веројатно ќе ја смени средината на лето, а Арсенал целосно ќе му одговара, затоа што и онака „топчиите“ по заминувањето на Пјер Емерик Обамејанг се во потрага на напаѓач. Англиските медиуми пишуваат дека веќе неколку месеци Арсенал се обидува да го убеди Бразилецот да се пресели на „Емирати“.

Арсенал се вмешува во трката, и ги расипува плановите на Барселона, која исто така е заинтереисрана за Жезус.

Доколку не успеат да го доведат Жезус, тогаш втора варијанта за Арсенал е голгетерот на Евертон, Доминик Калверт-Луин.

Се вчитува...