Фудбалерот на Арсенал, Томас Парти сигурно ќе паузира до крајот на 2023 година, а може да го пропушти и стартот на 2024 година поради тешка повреда. Играчот од средниот ред на „топчиите“ поради повреда е неизвесен за настап и на Африканскиот Куп на Нации.
Со оглед дека речиси сигурно дека Арсенал ќе биде без него до крајот на јануари идната година (и доколку се врати од повредата, ќе игра на АКН), Микел Артета веќе почна да бара негова замена.
Еден од оние ко се споменуваате играчот на Астон Вила, Даглас Луис. Исто така се споменува и името на Зубименди од Реал Сосеидад. Во секој случај тимот од Лондон кој оваа година оди по титулата, ќе ангажира играч од средниот ред во јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА