Арсенал во пол-позиција за потпис на Курзава

Англискиот премиерлигаш Арсенал го пронајде првото засилување за следната сезона, пренесуваат британските медиуми. Се работи за бекот на Пари Сен Жермен Лајвин Курзава. Менаџерот на „топчиите“ Микел Артета паузата поради пандемијата од коронавирусот ја користи за засилување на тимот за следната сезона.

На Курцава на крајот од тековната сезона му истекува договорот со францускиот шампион, по што би требало како слободен фудбалер да премине на „Емирејтс“. Покрај Арсенал за неговите услови се заинтересирани и Барселона и Ливерпул, но сепак како најголем фаворит во трката за него се истакнува тимот од Лондон.

 

Се вчитува...