Арсенал во последната секунда стигна до победа против Лутон (ВИДЕО)

Арсенал беше блиску да направи голем „кикс“ на патот кон титулата во Премиерлигата, но постигна гол буквално во последната секунда од мечот, за конечен триумф од 3-4 на гостувањето кај Лутон. Двата тима се сменија во водствата, Арсенал два пати имаше предност, за на крајот од третото да стигне до конечниот триумф.

Мартинели во 20. минута донесе водство за „топчиите“. Во 25. минута Ошо успеа да го израмни резултатот. Но, во финишот од првиот дел Жесус носи нова предност за „топчиите“ по асистенција на Вајт.

Сепак, стартот на вториот дел му припаѓа на Лутон. Домашниот тим стигна до израмнување на Адебајо во 49. минута, а во 57. минута Баркли успеа да донесе прва предност за Лутон.

Сепак, само три минути подоцна Хаверц успеа да донесе трето израмнување. Арсенал имаше уште 30 минути да дојде до победата, долго се мачеше за Деклан Рајс во седмата минута од судиското надополнување постигне гол и донесе големи три бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...