Арсенал заврши голема работа: Едегард потпиша нов договор со „топчиите“

Арсенал заврши уште една фантастична работа долгорочно задржувајќи клучен играч од тимот на Микел Артета откако денеска беше потпишан нов долгогодишен договор со Мартин Едегард.

Норвешкиот ас пристигна во Арсенал најпрвин на позајмица во јануари 2021 година, а откако импресионираше во дресот на лондонскиот клуб веднаш му беше откупен договорот што го имаше со Реал Мадрид. Едегард во последните години се наметна како лидер на „топчиите“, беше избран во идеалниот тим на сезоната 2022/23 во Премиер-лигата, а преговорите за нов договор беа интензивирани во текот на летово и конечно вродија со плод.

„Потписот на новиот договор беше лесна одлука од толку многу причини. Она што го правиме е специјално, овој клуб е специјален и сакам да останам дел од тоа. Мојата приказна е поинаква, менував клубови уште од 16-годишна возраст, но во Арсенал од првиот ден се почувствував дома“, изјави Едегард, кој според новиот договор ќе остане во лондонскиот клуб до јуни 2028 година.

Се вчитува...