Артета: Ако кажам што мислам, ќе добијам суспензија од шест месеци

Арсенал синоќа загуби во дербито на северен Лондон против Тотенхем со 3-0 во 36. коло од англиската Премиер-лига. „Топчиите“ не успеаја да ја искористат шансата да го осигураат четвртото место, па до крајот иако имаат бод предност пред лутиот ривал, имаат потежок распоред.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета вели дека ако каже што мисли ќе добие суспензија од шест месеци, откако домаќините поведоа со голот од пенал на Хари Кејн, а потоа Холдинг доби и црвен картон.

„Ако кажам што мислам се плашам дека ќе ме суспендираат шест месеци. Затоа не можам да кажам што мислам. Дозволено ми е да кажам што мислам за тоа што се случи, но не знам и не сакам да лажам, така да подобро да си преќутам“, изјави Артета. 

Се вчитува...