Артета: Арсенал тргнува од нула во одбрана на титулата

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, порача дека неговиот тим во новата сезона тргнува „од нула“ во обидот да ја одбрани титулата во Премиер лигата.

„Топџиите“ минатата сезона, конечно, стигнаа до шампионскиот трофеј по пауза од 22 години, откако претходно три сезони по ред остануваа без титулата во самата завршница. Сега пред нив е нов предизвик – да го повторат успехот и повторно да завршат на врвот.

Арсенал ја започнува одбраната на титулата во петок на домашен терен против новиот премиерлигаш Ковентри. Иако лондонскиот клуб повторно е меѓу главните фаворити за трофејот, Артета предупредува дека минатогодишниот успех не им гарантира ништо.

„Тргнуваме од нула и ќе мораме повторно да докажеме дека сме на нивото потребно за да се вратиме на таа позиција. Мора да покажеме желба и амбиција да бидеме подобри отколку што бевме минатата сезона, пред еден месец или минатата недела“, изјави Артета.

Шпанскиот стратег сака неговиот тим да има поинаква позиција во трката за титулата. Во изминатите сезони Арсенал често беше тимот кој бркаше предност, но сега Артета сака сите ривали да гледаат во неговиот состав како во главен кандидат за трофејот.

„Ако имам избор, сакам да бидам прв. Сакам тие да не бркаат нас и ние да ја контролираме сопствената судбина, наместо да зависиме од некој друг“, додаде тренерот.

Се вчитува...