Артета доби супер вести пред дербито со Ливерпул

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета доби супер вести пред големото дерби со Ливерпул, откако лекарите го известиле клубот од Лондон дека ќе може да смета на Томас Парти. Интернационалецот од Гана имаше повреда на препоните поради која ги пропушти квалификациските натпревари на репрезентацијата против Етиопија и Јужна Африка.

За време на паузата за репрезентациите, сепак, успеа да се опорави и може да биде стартер на „Енфилд“. Покрај него, во тимот на „топчиите“ ќе може да игра и капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, иако заработи полесна повреда за време на кампот на репрезентацијата на Габон.

Во листата на повредени единствено остануваат Гранит Џака и Сеад Колашинац, играчи кои и понатаму продолжуваат да закрепнуваат и нема да му бидат на располагање на Артета за претстојната пресметка со Ливерпул закажана за сабота со почеток од 18.30 часот.

Се вчитува...