Артета доби суспензија од еден меч од бизарна причина

Уште една драматична победа за Арсенал во Премиерлигата, откако го совлада Лутон со 3-4, со гол во последните секунди од средбата.

Меѓутоа токму оваа победа им донесе големи проблеми за следниот меч и гостувањето кај Астон Вила во сабота. На клупата нема да може да седи нивниот менаџер Микел Артета.

Шпанецот доби жолт картон по прославата на голот на својата екипа. И со оглед на фактот дека тоа е трет жолт картон, автоматски следува суспензија од еден меч.

„Не внимавав, беше тоа чиста емоција. Но, ако е тоа за жолт картон, нека биде така“, рече Артета, свесен дека мора еден меч да биде на „ладење“.

Се вчитува...