Артета е лојален: Арсенал е мојот клуб, треба да направам уште многу работи овде

Микел Артета уште еднаш ја потврди лојалноста кон Арсенал одбивајќи ја понудата на ПСЖ да седне на клупата на францускиот првак од наредната сезона.

„Светците“ се мачат да најдат врвен тренер, а откако беа одбиени од неколку стратези вниманието го насочија кон Артета, кој своевремено настапуваше како играч за ПСЖ од 2000 до 2002 година. Сепак, Шпанецот јасно стави до знаење дека не планира да си замине од Арсенал, тим со кој следната сезона ќе се обиде да стигне до титулата во Премиер-лигата.

„Она што можам да го кажам, јас сум среќен во Арсенал и максимално благодарен за шансата што ја добивам во овој клуб. Ја чувствувам љубовта и почитта од сопствениците, чувствувам дека имам уште многу работа пред себе во овој клуб“, изјави Артета.

Главен фаворит за тренерската функција во ПСЖ сега е поранешниот шпански селектор Луис Енрике, кој во следните неколку дена би требало да ги финишира преговорите со раководството на „светците“.

Се вчитува...